| четврток, 6 декември 2018 |

Прва жена и единствен кандидат – Естонија го доби новиот претседател

Естонската претставничка во Европскиот ревизиски суд Керсти Калјулeид денеска е избрана за претседател на Естонија.

Таа е прва жена избрана за претседател на Естонија. За нејзината кандидатура гласаа 81 пратеници од вкупно 101, додека 17 се изјаснија против.

– Благодарам за довербатра и за гласовите дадени за мене, истакна Калјулeид, која беше единствен кандидат на денешните избори.

Во првата етапа на изборите во август естонскиот Парламент не можеше да избере нов шеф на државата бидејќи нитуи еден камдиодат не ги доби потребните две-третини од гласовите (68 пратеници). Затоа за избор на претседател беше свикан специјален орган – Изборен колегиум од 335 лица, вклучителчно и пратениците од Парламентот и органите на локалната самоуправа. Но, на 24 септември и Колегиумот не успеа да избере претседател поради недоволниот број на гласови.

На 26 септември естонските парламентарни партии спроведоа консултаци при што ја предложија Калјулeид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top