Ким Кардашијан била нападната минатата ноќ околу 3:40 часот во хотел во Париз од пет вооружени напаѓачи облечени како полицајци, соопшти француската полиција,
– Таа е навистина потресна, но е неповредена, изјави нејзиниот портпарол.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Ким Кардашијан прстојува во францускиот главен град на Модната недела.
Пртпаролотот соопшти дека инцидентот се случил кога неколкумина „маскирани вооружени лица“ упаднале во нејзината хотелска соба и ја држеле под закана со оружје.
Според извор близок до кстрагата, телохранителот на Ким бил врзан со лисици, а потоа наоаѓачите украле накит вреден 16 милиони евра.
– Штетата изнесува неколку милиони евра, главно накит. Вкупниот износ се уште се проценува, изјавија полициски извори.
Истрагата за нападот и е доверена на судската полиција. Нападот се случил во елитен хотел во кварт познат по лукслузни продавници во богатиот дел на француската престолнина.
Според британски „Дејли мејл“, позади нападот и грабежот стои познатата група Пинк Пантер, чиј водач, пишува весникот, е 33-годишниот Србин Борко Илинчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.