Општина Битола соопшти дека навременото објавување на информациите за работата и одлуките на локалната самоуправа, како посетеноста на веб страницата bitola.gov.mk, овозможиле општината да биде високо рангирана во однос на транспарентноста на таа локална самоуправа.
Од општина Битола информираат дека констатацијата е поткрепена од истражување на Центар за граѓански комуникации, кој битолската локална самоуправа ја рангирал на второ место во конкуренција на различни државни институции во Република Македонија.
– Активната транспарентност на општината ја зголемува нејзината одговорност, ги промовира принципите на добро владеење и интегритет. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, нашата општина има 83,6 процентен индекс на активна транспарентност и не сврстува во првата група институции со многу добра транспарентност, се вели во соопштението од секторот за односи со јавност на општина Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.