| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и пет уметници ќе го насликаат новиот мурал во МКЦ

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) се подготува нов, втор мурал, а темата е „индоктринација“ или: методите и последиците на вшприцување идеологија и доктрина во сферата на културата, образованието, религијата, политиката, медиумите, претприемаштвото, земјоделството, информираат од МКЦ – велат од МКЦ.
– Откако „муралистички“ прославивме 1/4 век официјална независна Македонија, ред е да ја славиме и првата пушка в Куманово и Прилеп. Се разбира, „муралистички“. Почнавме со работа на нов (втор) мурал на вашиот МКЦ. На оваа тема ќе одговорат 35 уметници, кои преку портрет ќе ги прикажат своите размислувања и својот уникатен уметнички израз.
Муралот (ве)ќе се слика на надворешниот ѕид на МКЦ (ѕидот наспроти паркингот или отаде тазе муралот на ЗЕРО), на површина од „само“ 120 м2. Учесници: Иван Ивановски; Јана Јакимовска; Игор Тошевски; Атанас Ботев; Никола Радуловиќ; Милан Андов; Филип Велковски; Ана Јовановска; Сања Симоска; Бранкица Јордановска; Владимир Лукаш; Сали Ертунч; Зорица Зафировска; Перо Кованцалиев; Инес Ефремова, Ненад Тонкин; Горан Дачев; Маја Кировска; Миле Ничевски; Кристина Божурска; Марија Сотировска; Ване Костуранов; Марко Јанев; Шкипе Мехмети; Филип Јовановски; Анастасија Величковска; Љубиша Камењаров; Никола Анѓеловски; Иван Галовски; Крунислав Стојановски; Вук Митевски; Горан Менков; Мирослав Стојановиќ – Шуки; Ели Чочова; и Ѓорѓе Јовановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top