Шенон Доерти или попопуларна како Бренда од легендарната серија “Беверли Хилс” поминува низ најтешкиот период во животот. Во 2015 и беше откриен рак на дојката. Оттогаш актерката поминува тешки мигови низ лекувањето на болеста. Во целиот процес најмногу поддршка добива од сопругот Курт Исвариенко, а таа реши да му се заблагодари со порака која расплака многумина.
-Нашата венчавка беше посебна, не затоа што беше големо случување, туку затоа што си ветивме еден на друг дека и во добро и во зло, и во здравје и болест, ќе се чуваме заедно. Тие завети денес ми значат многу повеќе отколку тогаш. Курт е мојата карпа во оваа болест и секојдневно ме опсипува со љубов повеќе од кога било. Тој е мојата сродна душа. Со овој човек би одела по кој било пат. За него би примила куршум и би го совладала секој змеј за да го заштитам. Тој е мојата втора половина. Се чувствувам благословено – напишаа актерката. Љубовта ме одржа низ ова животно премрежје.
Двојката се венчаше на 15 октомври 2011 година во Малибу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.