Македонскиот кошаркарски тим Соколи Карпош се поразени од Крка на гостувањето со 64-81 во својот прв настап во АБА-лига.
Крка првата четвртина ја доби со 28-16, а втората со 26-14 за убдлива предност од 24 поени на полувремето.
Карпош Соколи се подобри во продолжението од средбата и беше поуспешен од противникот во третата четвртина, која ја доби со 13-20.
Последните 10 минути беа изедначени, двете екипи постигнаа по 14 поени, па крајот резултатот на семафорот гласеше 81-64 за Крка.
Во редовите на Карпош Соколи најефикасен беше Зековиќ со 13 поени, а Дувњак и Вркиќ постигнаа по 11.
Кај домаќините, Луковиќ беше најдобар поединец со 19 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.