| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр: Прво си ги убил родителите, па сите 17 соседи за да го прикрие убиството

Јанг Кингпеи од провинцијата Јунан е осомничен од полицијата дека ги убил родителите, а потоа убил уште 17 соседи за да го прикрие убиството на родителите.

Истрагата покажала дека пред да ги убие своите родители во средата, со нив се карал за пари.

Плашејќи се да не биде посочен како убиец, тој убил уште 17 соседи.

Дваесет и шестгодишниот маж е е уапсен откако биле откриени телата на убиените луѓе во нивните домови.

Ова е едно од најмасовните убиства во последните неколку години во Кина.

Поради строгата контрола околу поседувањето на огнено оружје во оваа земја, убиствата се извршуваат со ножеви, отров или рачно направен експлозив.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top