Либанката Дана Воли Зајат не успеала да пронајде во продавниците венчаница што ѝ се допаѓа, па решила да направи нешто сосема поразлично. Сама ја нацртала скицата од тоалетата што одговара на нејзината личност и се впуштила во процесот на изработка на венчаницата за која и требало цела година.
Секако резултатот е венчаница која, буквално, остава без здив.
Дана за соработка се обратила кај либанскиот бренд „Eспоса“, чиишто луѓе излегле во пресрет и цели 365 дена работеле на венчаницата. Интересно е тоа што рачното шиење на бисерите траело два месеца.
Таа целиот процес го забележувала и го објавувала на „Инстаграм“, а кога венчаницата била готова – станала најголем моден хит на интернет.
Всушност, венчаницата на луѓето толку многу им се допаднала така што нејзиниот хаштаг станал прилично популарен и моментално има повеќе од 700 објави на „Инстаграм“!
Убавицата од Либан инаку покрај ова, во текот на венчавката имала уште два фустани, но ниту еден не може да се спореди со најубавата, богато украсена тоалета со елегантно деколте и долг превез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.