| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров во посета на велешката болница: Реновирани очното и ушното одделение, се работи на нова интернистичка интензивна нега

veleska-bolnica-2

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Општата болница во Велес каде е комплетно реновирано очното и ушното одделение.

Денеска почнуваат градежните работи за нова интензивна нега на одделението за интерна медицина, која ќе овозможи унапредување на условите за третман на пациентите, според сите стандарди во оваа област. Веќе се работи и на комплетно нова фасада за болницата.

veleska-bolnica

Вкупната инвестиција за градежните работи е во вредност од 21 милион денари.

veleska-bolniuca-1

Во оваа болница паралелно се вложува и во зајакнување и унапредување на кадарот, и веќе над половината од докторите се едуцирани во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top