| четврток, 6 декември 2018 |

Може ли да се избегне? Кога ќе умре Сонцето, ќе умре и нашата планета

Ако успееме да ги преживееме сите „напади“ на астероиди, нуклеарни катастрофи, климатски промени, или на пример, инвазија на вонземјани, тоа што на крајот „ќе ни пресуди“ е Сонцето.

Таквиот процес нема да биде безболен, а според мислењето на Џилијан Скудер, астрофизичарка од Универзитетот во Сасекс, сето тоа може да започне многу порано од тоа што мислиме.

Сонцето „живее“ благодарение на атомите на водород кои се во неговото јадро и атомите се претвораат во хелиум. Всушност, Сонцето согорува околу 600 милиони тони водород секоја секунда. Како што јадрото ќе станува заситено со хелиум, полека ќе се намалува и ќе предизвикува забрзување на нуклеарната фузија, што значи дека Сонцето емитира многу повеќе енергија.

На секои милијарда години, Сонцето станува 10 проценти посветло, поради трошењето на водородот. Иако 10% не звучи како голем пораст, таа разлика може да биде катастрофална за нашата планета Земја.

-Предвидувањата за тоа што точно ќе се случи со Земјата, прилично се неизвесни. Но, генерално јасно е дека зголемената топлина која што ќе ја емитува Сонцето ќе доведе до зголемено испарување на водата која што ќе се задржува во атмосферата. Капките вода така ќе започнат да се однесуваат како гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и ќе забрзуваат понатамошно испарување, вели Скудер.

Пред сонцето да остане без водород, неговата високоенергетска светлина ќе ја бомбардира нашата атмосфера, ќе ги „цепи“ молекулите и ќе доведе до тоа водата во вид на водород и кислород да ја напушта нашата планета.

Покрај тоа, за 3,5 милијарди години, Сонцето ќе биде речиси 40 пати посилно, поради што ќе се затоплат сите океани, ќе се стопат сите поларни замрзнати капи и ќе се загуби влагата во атмосферата. Нашата Земја ќе биде неподносливо жешка и гола, нешто слично на Венера.

Еден ден, за околу 4,5 милијарди години, нашето Сонце ќе ги согори и последните атоми на водород и ќе почне да го користи хелиумот.

sonce-toplo-610x400

-Кога водородот ќе престане да согорува во јадрото на Сонцето, ѕвездата ќе може да се смета за црвен џин. Тоа значи дека во следните милијарда години ќе започне да се шири и да ја губи привлечната сила на гравитацијата која што ги држи сите планети во сончевиот систем. Поради ширењето на атмосферата на Сонцето, ќе бидат проголтани Меркур и Венера, додека Марс ќе „одлета“ поради ослабената гравитација.

-Земјата има две можности: Или да побегне од Сончевата гравитација кон студената вселена, или да биде проголтана од атмосферата на Сонцето. Во секој случај, нашата планета ќе биде предолго и преблиску до жешкиот црвен џин, па така се што е на Земјата, ќе биде практично запалено, вели Скудер.

Кога Сонцето ќе ги исцрпи сите резерви, ќе стане нестабилно и ќе започне да пулсира. Со секој пулс, Сонцето ќе ги исфрлува своите надворешни слоеви од атмосферата, се додека не остане врело тешкото јадро опкружено со планетарна маглина. Неговото јадро, кое што сега се нарекува „белото џуџе“, забрзано ќе се изладува како никогаш да не ја греело најживата планета која е некогаш откриена во универзумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top