| четврток, 6 декември 2018 |

Син ми бара брат или сестра, но јас не сум подготвена -Миранда Кер ќе се мажи

%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b0

Супермоделот Миранда Кер (33) наскоро ќе се омажи за Иван Шпигел (26), творецот на хит мобилната апликација Снепчат, но не е сигурна дали сака со него да има деца.

Кер во едно интервју призна дека нејзиниот петгодишен син Шон Флин, од бракот со актерот Орландо Блум (39), секогаш ја прашува кога ќе добие брат или сестра, но таа вели дека засега не размислува за втора бременост.

Миранда прифати да се омажи за основачот на Снепчет, кој е „тежок“ повеќе од две милијарди долари, откако беа во врска една година.

Иван и Миранда веќе купија куќа во Лос Анџелес каде ќе живеат заедно со нејзиниот син.

Инаку, Миранда се раздели од Орландо пред три години, а тој во моментов е во врска со Кејти Пери (31).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top