Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички утре ќе го прослави 70. роденден со пријателски натпревар против еден од најсилните клубови во Европа, во овој момент, тимот на Фенербахче во кој настапува нашиот поранешен репрезентативец, Перо Антиќ. За таа цел клубот одржа прес-конференција на која воведниот збор го зеде тренерот Марин Докузовски.
– Нема поголема чест за мене како тренер на 70. роденден да ти дојде ваков гостин како Фенербахче, не треба да се зборува повеќе за тоа кои се и што се. Ние долго време зборувавме и се подготвувавме за овој јубилеј, а самиот број на продадени билети, околу 7000, салата ќе биде исполнета до последно место. Ваков меч досега не се случил во Македонија. Многу ретко е да ви дојдат вакви звезди како Фенербахче, плус ако се земе предвид дека за две недели им почнува Евролигата. Јас очекувам и сум сигурен дека овој меч ќе биде празник на кошарката – изјави Докузовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Национална галерија на Македонија одбележува 70 години постоење
-
Во Струга почнува неделата посветена на јубилејот „90 години музеј Д-Р Никола Незлобински“
-
Дејан Ангеловски, музичар: Секое место е посебно на некој свој начин, но Источна Европа е мојот омилен дел од светот
-
„Јавна соба“ слави три години постоење