| четврток, 6 декември 2018 |

Јан Гилан и Македонската филхармонија ќе ги изведат „Smoke on the water“, „Black night“, „Perfect strangers“ во Скопје

Рок легендата Јан Гилан и Македонската филхармонија под диригентската палка на Стивен Бентли-Клајн на 5 ноември во ВИП Арената во Скопје ќе ги изведат хитовите на „Дип Парпл“.

„Smoke on the water“, „Black night“, „Perfect strangers“ се само дела од хитовите кои ќе прозвучат пред македонската публика.

Ian Gillan, singer of British Rockband Deep Purple, performs on the main stage during the Caribana Openair Festival, in Crans-sur-Nyon, Western Switzerland, Wednesday, June 9, 2010. (AP Photo/Keystone/Martial Trezzini)

Јан Гилан станува член на „Дип Парпл“ во 1969 година во периодот кога групата го почнала својот најуспешен период. Гилан е познат и по улогата во „Исус Христос суперстар“ сниман во Лондон, како и улогата на Чарлс Дарвин во проектот „Дарвин-Еволуција“ на Боланд &  Боланд. Два пати настапувал и со Лучано Павароти изведувајќи ја „Nessum Dorma“.

dsc_0092

-Јан Гилан се` уште активно настапува и распродава концерти насекаде во светот. Само минатата година тој настапи во 48 земји- со „Дип Парпл“ и како соло изведувач. Македонија ќе има навистина една и единствена шанса да го види легендарниот Јан Гилан во Скопје. Специјални гости на овој концерт ќе бидат „Папа ле Гал“ (Papa Le Gal). Со овој концерт, Авалон Продукција едноставно сака да им излезе во пресрет на сите оние кои што во изминативе неколку месеци чекаа и бараа од нас класичен рок концерт. Билетите можете да ги набавите на сите продажни места на Купи Карти За Се, како и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од: 600 денари (трибини), 800 денари (Golden Seats партер и трибини) и 1200 денари (вип), рече на денешната средба со новинарите Денис Илиоски од „Авалон“ продукција.

На конференцијата на новинарите присуствуваше и директорката на Македонската Филхармонија која изрази задоволство од соработката со една ваква голема музичка ѕвезда и ја пренесе возбуденоста на музичарите од Македонаката филхармонија.

-Нас веќе ни се предадени материјалите за концертот и музичарите вежбаат. Ќе имаат неколку заеднички проби со Гилан пред концертот, така што сите сме возбудени бидејќи голем дел од нашата генерација растеле со музиката на Јан Гилан и „Дип парпл“. Иако ние сме образовани за класична музика, тоа не значи дека постојано слушаме таква музика…некои од музичарите во Филхармонија ја изведуваат музиката на „Дип парпл“ на своите настапи и сега се нестрпливи да се сретнат со рок ѕвездата и да си разменат искуства, рече Маја Чаначевиќ, директор на Македонската филхармонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top