| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд во Лондон забрани објавување фотографии од сестрата на Кетј Мидлтон

Врховниот суд во Лондон забрани какво било објавување на фотографиите од сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, Пипа, украдени од нејзиниот профил на Ај-клауд.

Британските таблоиди „Сан“ и „Дејли мирор“ минатата седмица објавија дека хакер се обидел да им продаде 3.000 украдени фотографии од архивата на Пипа Мидлтон. Незаконски стекнатите материјали се понудени за вкупна сума од 50.000 британски фунти. Името на хакерот трговец засега останува непознато за јавноста.

Пипа Мидлтон и нејзиниот вереник Џејмс Матјус поднесле барање во Судот забрана за јавно објавување на фотографиите. На нив, фигурират самата војвотка од Кембриџ, но и децата на Кејт и принц Вилијам – принцот Џорџ и принцезата Шарлот. Секако, меѓу фотографиите има и такви направени за време на свеченостите на коишто кралското семејство присуствувало.

Во своето решение Врховниот суд забранува секакво објавување на фотографиите или каков било друг податок од личниот профил на Пипа Мидлтон.

Полициските власти ја информираа јавноста дека бил приведен 35-годишен маж осомничен во случајот, но потоа е ослободен со кауција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top