| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Каролина: Тинејџер застрела четири лица

Четиринаесетгодишно момче со пиштол го застрелало татко си во својот дом, по што се упатил и кон основното училиште близу нивното живеалиште во градот Таунвил, Јужна Каролина, и пукало во двајца ученици и во учителка, објавија американските медиуми.

Пожарникар доброволец успеал да го запре момчето пред полицијата да пристигне и им овозможил да се засолнат другите ученици. Напаѓачот не влегол во училиштето, наведуваат од локалнaта полиција.

Едно од ранетите шестгодишни деца сѐ уште е во тешка состојба. Другиот ученик и 47-годишната учителка, пак, се здобиле со полесни повреди и по прегледот се пуштени од болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top