| четврток, 6 декември 2018 |

Го намалувате ефектот на четкањето: Грешка која многумина ја прават по миење на заби

zabi

Доколку и вие го практикувате ова, знајте дека секој пат целосно го поништувате ефектот на пастата за заби. Пресилното и премногу краткото миење на забите се некои од најчестите грешки кои ги правиме, но стоматолозите предупредуваат дека постои една, уште поголема грешка која треба веднаш да престанеме да ја правиме бидејќи го намалува, па дури и го поништува ефектот на пастата за заби.

Имено, многумина веднаш по миењето на забите прават гаргара со течност за миење на уста, со намера уште подобро да ја исчистат и дезинфицираат усната шуплина, но со тоа всушност добиваме спротивен ефект.

Тоа се случува затоа што течноста за миење на уста ги одмива сите состојки на забната паста кои се важни за зачувување на здравјето и белината на забите. Поради тоа, течноста за миење на уста треба да ја користите најмалку еден час откако сте ги измиле забите.

Уште еден бенефит на ваквиот распоред на чистење на забите е тој што ги чистите дури четири пати дневно, а не два пати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top