Можеби и вие спаѓате во оние луѓе кои сметаат дека трагачите на злато само губат време и пари на нереални соништа за богатење, но можеби овој сензационален случај од Австралија ќе го промени вашето мислење.
Неименуван маж од од австралиската провинција Викторија со детектор за метал открил грутка злато која тежела неверојатни четири килограми. Во областа која ја нарекуваат Златниот триаголник на Викторија, овој среќник пронашол огромно парче од благородниот метал, чија вредност била проценета на 250.000 долари.
– Детекторот почна да свири, а јас почнав да ја копам земјата и кога влегов малку подлабоко, не можев да им верувам на своите очи. Тоа дефинитивно не беше само парче старо железо, изјавил за „Хералд Сан“ трагачот, кој од разбирливи причини сакал да остане анонимен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.