Инвестициите во здравствениот сектор за 2017 година се проектирани на 1,12 милијарди денари или над 18 милиони евра.
– Капиталните инвестиции во здравството следната година се проектирани на 1,12 милијарди денари, и истите ќе бидат фокусирани на Проектот за изградба, реконструкција и доградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип. Останатите средства ќе бидат наменети за реконструкција на јавни здравствени установи, меѓу кои Клиничката болница во Тетово и болницата во Кичево и Гостивар, за набавка на медицинска опрема, како и за довршување на изградбата на ПЕТ центарот, истакна министерот Миноски.
За капитални инвестиции во образованието, детската заштита и спортот издвоени се 3,25 милијарди денари или околу 53 милиони евра.
– Овие средства се наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите, набавка на современа лабараториска опрема и инвестиции во спортска инфраструктура, истакна Миноски.
Министерот за финансии посочи и дека во наредниот период ќе продолжи и Проектот за условени парични трансфери во чии рамки е вклучена и реконструкцијата на Центрите за социјална работа, како и Проектот за развој на вештини и иновации со кој се поддржува работата на Фондот за иновации и технолошки развој. Истовремено, во рамките на овие средства е планирана и реконструкција на пензионерски дом во Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто