Од 3 500 до 6500 денари чини изнајмување автобус од ЈСП Скопје. Тура низ Скопје, панорамско разгледување, фотосесии, моминска вечер, роденден за деца, снимање реклами е новиот тренд што го развива ЈСП во последниов период, пишува Нова Македонија.
Оттаму велат дека во последно време се зголеми интересот кај граѓаните за изнајмување автобуси за приватни прослави, но тие најмногу ги одобруваат за туристички цели, односно за разгледување на Скопје.
Превозот за тие намени го вршат возачи на ЈСП, а цената за изнајмување на автобусите во зависност од видот и дестинацијата.
„Цената за изнајмување на панорамскиот автобус е 6.500 денари, двокатниот автобус е 4.500 денари, а за ниските е 3.500 денари. Се изнајмуваат за најмногу четири-четири и пол часа, без разлика за каков вид прослава се работи“ објаснува за весникот Мишо Николов, директор на ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.