| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата привела девет пејачки во угостителски објект во Желино

striptiz

Вкупно девет девојки, шест од Албанија и три од Македонија, открила полицијата при акциската контрола што заедно со Управата за јавни приходи ја спровеле изминатата ноќ во угостителскиот објект „Желино“ во истоименото тетовско село, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Девојките биле вработени како пејачки и полицијата ги привеле заедно со сопственикот на објектот Ќ.Б.(21), по што откако детално ќе биде разгледан нивниот престој и ангажман ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top