| четврток, 6 декември 2018 |

Му го соблекле панталоните во кои имал 7000 долари и 300 евра

pari pantaloni

Околу 7.000 американски долари и 300 евра му биле одземени на С.Е.(68) откако непознати сторители провалиле во неговиот дом на улицата „105“ во Тетово, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според пријавата на оштетениот вчера во периодот помеѓу 01:00 и 05:00 часот непознати сторители насилно провалиле во неговата куќа преку прозорецот во бањата и од спалната, каде С.Е. спиел заедно со својата сопруга и кои ништо не забележале, му ги одзеле панталоните во кои имало 7.000 долари и 300 евра.

Тој бил времено вработен во странство и бидејќи бил со нарушено здравје деновиве претстојувал во родниот крај. Полицијата извршила увид и работи на откривање на идентитетот на сторителите, нивно приведување и расчистување на случајот, рече Јосифовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top