Јирген Клоп и Ливепул најавуваат одлична сезона со резултатите и особено со играта во последните неколку кола од Премиер лигата. Германецот ја замени Борусија Дортмунд за да се пресели на „Енфилд“, а на последното интервју говореше за тежината на одлуката и омилениот фудбалер, чие име ги изненади сите.
– Ми се допаѓа Давид Силва. Тој е прекрасен играч, кој го има насекаде на теренот. Има голем талент и правилен пристап кон играта. Иако не го слушнав многу неговото име од почетокот на сезоата на Манчестер сити, сепак мислам дека ќе има одлична сезона. Најмногу ми се допаѓа неговиот стил на игра, кој мислам дека го посакува секој тренер – изјави Клоп.
На крај, германскиот стратег изјави дека нема интерес да го потпише Шпанецот, бидејќи не преферира да доведува играчи од ривалите во првенството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.