Пожар бил подметнат рано утринава во угостителскиот објект „Катана“ лоциран на улицата „Мите Поп Јорданов“ во скопско Козле.
Од полицијата денеска информираат дека сопственикот на кафеаната околу 3 часот и 20 минути пријавил пожар во неговиот угостителски објект, а противпожарната единица веднаш пристигнала на местото на настанот. Изгореле телевизор, дел од тенда и пластична решетка. Од снимките од видео надзорот било утврдено дека непознато лице фрла шише со запалива течност кон објектот.
Полицијата извршила увид на местото и трага по сторителот со цел расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.