| четврток, 6 декември 2018 |

Мислите дека 120 со 80 е нормален притисок? Докторите велат дека сте во заблуда

Општоприфатеното мислење дека нормалниот крвен притисок изнасува 120 со 80, и дека сите вредности над тоа значат повик за итна посета на кардиологот -повеќе не е валидно.

Европската кардиолошка асоцијација издаде нови насоки, според кои нормален притисок е оној до 140 за систолниот (горниот број во мерењето на крвен притисок) и 90 за дијастолниот (долниот број).

– Поголемиот дел од граѓаните сметаат дека 120 со 80 е нормален притисок. Сепак, крвен притисок до 140 со 90 е границата до која се смета дека некој има нормален притисок. Ова, сепак, не се однесува на луѓето со дијабетес, за кои границата е 130 со 80, како и кај постарата популација – вели доктор Бранко Белеслин, кардиолог во Клиничкиот центар на Србија и претседател на Здружението на кардиолози на Србија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top