Во галеријата Чифте амам и на Факултетот за ликовни уметности (Сули ан) денеска и утре, и во ЕУ Инфоцентарот на 30 септември, ќе се одржува Саем на мозаик „Во светот на мозаикот“ во организација на ДМВЦ (Добредојде Македонија Велком Центар).
– Саемот „Во светот на мозаикот“ има цел да го промовира и поттикне мозаикот како креативна индустрија во Македонија. Ќе се соберат мозаичарите од земјата и странство и ќе ја промовираат оваа форма на уметност меѓу уметниците, артизаните и јавноста. Учесниците ќе имаат мени на активности за избор, за почетници, како и за искусни мозаичари, соопшти организаторот.
Презентери на саемот на мозаик се Лиле Корубин, Жеро Клошард и Елена Чемерска. Ќе бидат одржани и три работилници, а на 1 октомври учесниците ќе ги посетат мозаиците во Пелинце, Споменикот на слободата во Кочани и на локалитетот Стоби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.