Во последните неколку дена најмалку 23 лица починале од отровна вотка во сиромашните, рурални делови на Украина, информираа украинските власти.
Обвинителството во Харков во последните 24 часа пријавило уште пет смртни случаи, додавајќи дека од петокот веќе 13 лица во овој регион умреле од смртоносната вотка. Во Доњецк се пријавени уште пет мртви лица, кои ја пиеле истата вотка, информира полициската управа од Киев. Полицијата соопшти дека првите смртни случаи беа пријавени претходно од регионот на Харков, каде во моментов 53 лица се лекуваат од труење со нелегално произведена вотка, пренесуваат француските медиуми.
Властите наведуваат дека привеле пет осомничени лица, сите сопственици на пиљари во Харков, кои сега се соочуваат со казна од пет до 10 години затвор доколку бидат осудени за незаконско производство на вотка. Нелегалниот алкохол е широко распространет во руралните делови на Украина. Француските медиуми наведуваат дека, сепак, смртните случаи од труење со нелегална вотка се реткост во оваа земја, за разлика од Русија каде широко е распространет „домашниот“ алкохол од кој годишно умираат повеќе илјади лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина