| четврток, 6 декември 2018 |

Mладиот програмер Даријан Шекеров освои брознен медал на ЈБОИ 2016

Оваа година се одржа јубилејно десетто издание на Јуниорска Балканска Олимпијада по Информатика во Скопје на која учествуваа 39 натпреварувачи од девет балкански држави. Учесниците од Македонија постигнаа голем успех, освојувајќи еден сребрен и пет бронзени медали.

Според учесниците организацијата на балканијадата била на многу високо ниво; натпреварувачите имале можност да ги посетат кањонот Матка, пештерата Врело, старата скопска чаршија, спомен куќата на Мајка Тереза и Македонското Село каде што била сместени.

Даријан Шекеров на оваа Олимпијада освои бронзен медал. Ова е негово второ учество на ЈБОИ и втор бронзен медал на меѓународен натпревар во рок од 2-3 месеци.

-Ова беше многу успешна година, што се однесува до натпреварите и презентацијата на апликацијата „Слико збор“. Најпрво учествував на програмерскиот маратон „Code Fest“ во Охрид. Потоа презентација на научната конференција во хотел „Молика“, Битола, па учеството и освојувањето на бронзениот медал на „МГ Куп“ во Белград, Србија. На покана на Бугарската Академија на Науки, имаv презентација на апликацијата „Слико збор“ во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, a освоив и трета награда на интернационалниот натпревар по програмирање во Scratch, вели Даријан.

Тој се надева на поголем успех во следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top