Нови 40 решенија за легализација на дивоградби додели вчера градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, со што бројката на вкупно решени предмети во оваа општина е 1.515
Од вкупно регистрираните 11.871 дивоградба за кои е поднесено барање за легализација во општината, 5.177 предмети се во административна постапка, а 5.176 предмети се со нецелосна документација, на кои најчесто им недостига геодетски елаборат.
– Овие податоци говорат дека општината со добра динамика ги решава предметите за легализација, но напорот треба да е обостран. Без поддршка и соработка од граѓаните, процесот на легализација не може успешно да заврши – истакна градоначалничката Беличанец-Алексиќ.
Таа ги повика граѓаните што сѐ уште не ја комплетирале целосно потребната документација да го сторат тоа што поскоро, за во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.