| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски со проверени сили против Израел и Италија, Трајковски се враќа во составот

aleksandar-trajkovski

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски со проверени сили ќе ги очекува и новите квалификациски дуели против Израел и против Италија во Скопје кои не очекуваат на почетокот од следниот месец.

Главно со сосема истиот состав Ангеловски ќе се обиде да дојде до првите бодови во квалификациите за СП 2018, со тоа што единствено во тимот повторно се враќа Александар Трајковски од Палермо, кој претходно отсуствуваше поради повреда. Трајковски добива повик да се јави на собирот на националниот тим. Се останато, во голема мера ќе биде од стартниот собир во квалификациите.

Под знак прашалник останува и можноста Иван Тричковски да биде во составот, поради повредата на последниот натпревар за АЕК Ларнака. Деновиве се очекува дефинитивната одлука околу тоа дали и колку ќе мора да паузира македонскиот репрезентативец. И за овие два натпревари, пак, како што е познато, ќе го нема Агим Ибраими.

Селекторот Игор Ангеловски во четврток се очекува да го соопшти списокот на репрезентативци за двата следни натпревари на „Филип Втори“ во Скопје.. Пресметката со Израел е на 6. октомври со почеток од 20:45 часот, додека со Италија ќе се соочиме на 9. октомври, исто така од 20:45 часот.

Билетите за двата натпревари веќе се пуштени во продажба по цени од 300 до 500 денари, во пакет, за двата квалификациски дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top