| четврток, 6 декември 2018 |

Застрелано момче во Бутел – в болница заминало дури 24 часа подоцна

Дваесет и едно годишниот А.Ј. во неделата вечерта бил застрелан пред основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“.

Случајот во полиција бил пријавен од ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде што момчето било донесено дури следиот ден околу 22 часот. Лекарите констатирале дека А.Ј. има прострелна рана во пределот на левата потколеница и скршена коска, по што бил пратен на операција.

Момчето изјавило дека не знае кој и зошто пукал во него.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top