| четврток, 6 декември 2018 |

Врзана, силувана и мачена – Анџелина Џоли ги откри ритуалите на сектата, чијшто член била

goliШокантно видео во кое актерката Анџелина Џоли ги открива искуствата што ги доживеала протече во јавноста.

Анџелина, која тогаш имала само 23 години, ги опишува своите искуства од тајните ритуали на Илуминатите, кои биле само за затворен круг на луѓе.

Во 1999 година анонимен извор тајно ја снимил Џоли како на блиски пријатели им ги опишува грозните ритуали што славните личности морале да ги поминат за време не пристапување на сектата.

-За време на ритуалот на Илуминатите ве врзуваат, силуваат и мачат сите членови на сектата – раскажувала Анџелина, додека изгледала како да е опседната од тајното друштво.

Таа објаснила дека убила змија како жртва и ја истетовирала како дел од ритуалот. Познато е дека многу членови на Илуминатите имаат тетоважи, кои претставуваат дел од церемонијата, како начин на жртвување на Сатаната.goli2

-Моја змија, морав да ја убијам – рекла Џоли.

На снимката се слуша и како актерката охрабрувала и други колеги да се придружат на Илуминатите, бидејќи се сметало дека тоа ќе им ја зацврсти кариерата и успехот, но и ќе им го отвори патот кон врвот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top