Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон денеска ја почнува тридневната посета на Турција.
Предвидено е Џонсон да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, со премиерот Бинали Јилдирим, со турскиот колега Мевлут Чавушоглу и со министерот за Европска унија Јомер Челик.
– Џонсон пристигнува во Анкара за да ја покаже солидарноста на Обединетото Кралство со нашата земја по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули, насочен против нашиот уставен ред, се посочува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
Џонсон со претставниците на турската Влада ќе разговара и за актулените настани во регионот и во светот, како и за можностите за интензивирање на билатералната соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.