Турските специјални служби подготвија нова листа, која вклучува 20 илјади осомничени членови на групацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кои за меѓусебна комуникација ја користеле мобилната апликација „БајЛок“, пишува денеска весникот „Милиет“.
Турските власти сметаат дека групацијата на Ѓулен, кој живее во САД, стои зад обидот за воен урад во Турција на 15 јули. Според „Милиет“, на листата се вклучени службеници од сите државни институции во Турција.
Весникот „Хуриет“ пишува дека на листата, заедно со познати политичари и службеници фигурираат и 479 судии и обвинители. Неодамна турската национална разузнавачка служба МИТ изработи листа со имиња на 53 илјади поддржувачи на Ѓулен, кои исто така меѓусебно комуницирале со кодовои преку апликацијата Бајлок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.