Лицата кои се во брак имаат 50 отсто помалку шанса да качат вишпк килограми, покажуваат истражувањата спроведени врз 270 испитаници со дијабетес тип 2, пренесуват медиумите
Во истражувањето на јапонските научници од универзитетот во Јокохама, бракот е поврзан со помал ризик за метаболички синдром, комбинација од меѓусебно поврзани фактори на ризик како што се висок крвен притисок или преголема концентрација на шеќер во крвта.
Според податоците собирани од 2010 до 2016 година лицата кои се брак имаат просечен индекс на телесна маса од 24,4, а самците 26,5.
За идеален индекс на телесна маса се смета вредност под 25.
Бракот позитивно влијае и на двата пола, покажало истражувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.