| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Ослободување на Скопје“ – македонски кандидат за Оскар

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија е македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје, соопшти Друштвото на филмски работници на Македонија. Филмот бил избран од Комисијата во која членуваат: Лабина Митевска- претседател на комисијата (продуцент/актер); Наум Доксевски (директор на фотографија); Дејан Дуковски (сценарист) ; Петар Богоевски (гафер); Роберт Јазаџиски (продуцент); Мето Јоваовски (актер) и Игор Василев- Новоградска (композитор).

„Ослободување на Секопје“ е избран со мнозинство гласови. Филмот веќе се прикажува во киното „Синеплекс“, а својата официјална премиера ќе ја има на први октомври (сабота) во скопското кино „Милениум“.

Со „Ослободување на Скопје“ се отвори годинашниот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, а филмот претходно беше прикажан и на фестивалите во Пула и во Сараево.

Филмот е екранизација на познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ кој заедно со Раде Шербеџија се негови сценаристи. Главната улога во филмот на игра 11-годишниот Давид Тодосовски (како Зоран), кој дебитира во филмот, а покрај него настапуваат актерите: Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Мико Ноусаинен, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула и Аксел Мехмед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top