| четврток, 6 декември 2018 |

Воз удри во „голф“ кај Зелениково, повредени две лица

Вчера наутро во 7.20 часот на делот од пругата меѓу ЖС Ново Зелениково и ЖС Орешани, на отворена пруга пред стојалиште Орешани, се случила железничка незгода во која  патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје удрил во автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки во кое имало две непознати лица.

Истите од ударот се здобиле со телесни повреди и со екипа на Итна медицинска помош биле пренесени во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. За време на увидот железничкиот сообраќај од 7.20 до 10.00 часот бил во прекин.

Фото: архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top