Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, потврди МВР.
Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово пријавен е во 7.35 часот. На местото на настанот увид вршат екипи на крим-техника од МВР, јавното обвинителство и судска медицина.
Според најновите информации, телото било пронајдено во истата зграда во која живее и градоначалникот на Куманово. Повеќе тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.