Со влегувањето на Хрватска во Европската унија, хрватскиот пасош доби на цена, пишува „Слободна Далмација“ додавајќи дека тоа најдобро се гледа по се поголемиот број на огласи во кои жените од регионот нудат и по 10.000 евра за брак со Хрват.
„Има ли некој маж да се ожени со девојка од Србија само за документи, а со паричен надоместок? Таа е подготвена да плати, ја прашав. Констактирајте ме за да ве спојам и тоа е тоа…Пишете во инбокс. Младоженецот кој ќе ја прифати оваа понуда автоматски добива и работа во Германија, бидејќи тој мора да биде овде“, пишува во еден од огласите кои може да се сретнат на социјалните мрежи.
Причината е што хрватските граѓани може слободно да се вработат во земјите од ЕУ без посебни одобренија или работни дозволи. Знаејќи го тоа многу Србинки, Македонки, Босанки и други, се спремни да платат за младоженец, без да се грижат каков е и како изгледа, само да го има вистинскиот пасош, пишува хрватскиот портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.