Променливо облачно време претпладне со повеќе сончеви периоди ќе имаме утре. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.
Од пладневните часови ќе има зголемена облачност од која понекаде во планините е можна и појава на слаб краткотраен дожд. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 25 степени.
Во Скопје времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има краткотрајно зголемување на облачноста. Температурата во интервал од 8 до 21° С.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност и со свежи, на места и студени утра. Дневната температура ќе биде без значителни промени. Од вторник облачноста сосема ќе се намали и од среда до крајот на работната недела па и во првиот ден од викендот ќе биде претежно сончево и малку потопло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.