| четврток, 6 декември 2018 |

Изетбеговиќ: Нема да има војна, никој нема да ја уништи Република Српска

izetbegovic

Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ изјави дека во Босна нема да има војна и никој нема да ја уништи Република Српска. ­

– Ние ќе ја чуваме оваа земја и Дејтонскиот мировен договор и сите граѓани, и Србите и Хрватите и Бошњаците. Нема да има никакви војни, бидејќи ќе се вразумат оние во Бања Лука, истакна Изетбеговиќ.

Тој додаде дека никому во БиХ не му е потребна војна, а „војните почнуваат кога еден народ ќе го донесете во ситуација веќе да не може да издржи некои работи, а во таа позиција не се наоѓа никој во земјата“. ­ Најтешко им е на Бошњаците, повратници во РС.

– Нема да се случи Србите во БиХ да започнат војна за да отцепат нешто со кое владеат суверено и луѓето нема да тргнат во тој правец, нагласи Изетбеговиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top