| четврток, 6 декември 2018 |

Баба крадела во маркет во Бутел, внукот дивеел

Баба која крадела во маркет на „Жито“ во скопски Бутел, била предупредена од вработена во маркетот дека ќе ја пријават во полиција, но таа го повикала внукот на помош, по што тој со уште еден другар дошол во маркетот се заканувал на вработените и туркал производи од полиците.

Како што соопшти полицијата, во 15.30 часот во недела во полициска станица во Чаир, Б.Д. (35) од Скопје, вработена во маркетот на „Жито“ на пазарот во Бутел на ул.„Бутелска“, пријавила дека околу 11 часот, додека се наоѓала во канцеларијата на маркетот со Н.Х., која претходно била фатена како краде одредени производи од маркетот, и со која разговарала кажувајќи и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, во маркетот влегле две машки лица.

Тие, од кои едниот и бил внук, претходно биле телефонски повикани од Н.Х. По влегувањето во маркетот тие почнале да им се закануваат на Б.Д. и на останатите вработени, а воедно и да фрлаат производи од полиците, на што им се приклучила и НХ., со што предизвикале страв и чувство на несигурност кај присутните.

Интервенирало обезбедувањето и други лица во маркетот и ги отстраниле надвор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top