Актерот кој го збудали Балканот, турскиот Џејмс Дин, 23-годишниот Мерт Јазиџоглу, ја толкува улогата на бунтовникот Баран во „Црната роза“. Досега играл и во серијата „Изгубен град“ и во филмот „Луѓето на дедо“. Иако студира економија, вели дека ја пронашол професијата која ќе му биде животна определба. Пред да почне да се занимава со актерство Мерт вели дека имал здодевен живот.
-Наутро одев на предавања, а навечер излегував со другарите.
Мерт признава дека кога почнал да глуми, бил срамежлив и повлечен.
-Сонував за глума, мислам дека е повозбудливо да се вдахне животот на ликовите од сценариото. Таа возбуда никогаш нема да ми спласне. Не планирам да се занимавам со економија. Глумата е мојата идна професија, Сакам со сигурни чекори да продолжам во таа насока, додава миленикот на сите тинејџерки кои ја следат оваа серија.
Сепак, она што многу повеќе ги интересира девојките е неговата љубовна состојба.
Иако ја држи приватноста во тајност, Мерт не е сам, или барем не беше до неодамна.
Од 2014 година до летово Мерт беше во врска со преубавата Хилал Алтанбилек, односно злобната Озлем Шанверди од серијата „Црната роза“.
Романсата ја започнале на сетовите пред две години, а првпат се фатени на дело во Бодрум, бидејќи вешто ја криеле љубовта.
Летово медиумите ја поврзуваа 25-годишната Хилал со 24-годишниот турски музичар Идо Татлисес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.