| четврток, 6 декември 2018 |

Што може да ви се случи ако јадете по три јајца секој ден

Пред неколку години здравствените организации предупредуваа за холестеролот во јајцата, но исто како и други намирници, јајцата погрешно беа сметани за храна лоша по здравјето, пишува Daily Health Post.

Додека просечно големо јајце содржи 180-186 мг холестерол, нашиот црн дроб произведува околу 1.000 до 2.000 мг секој ден. Всушност, кога консумирате храна што содржи холестерол вашиот црн дроб се прилагодува со намалување на сопственото производство.

Тоа значи дека јадењето јајца не го зголемува нивото на холестерол во телото, туку едноставно едниот тип го заменува со друг тип. Тогаш се поставува прашањето дали е добро да се јадат јајца.

Еве пет причини зошто треба да консумирате јајца и што се случува кога ќе изедете 2 до 3 цели јајца секој ден:

1. Хранливи состојки

Јајцата содржат многу витамини како витамините А, Б6 и Е, тијамин, рибофлавин, фолат, железо, фосфор, селен, магнезиум, многу важни состојки за здравјето.

2. Подобрување на видот

Јајцата содржат лутеин и зеаксантин, кои го подобруваат видот и ги штитат очите од сончевите зраци. Вашите шанси да добиете катаракта се намалуваат за 50%.

3. Протеини

Една порција месо е еднаква на две цели јајца, овозможувајќи доволно протеини без непотребни масти. Со консумирањето јајца ги храните коските и ги храните мускулите.

4. Цврсти коски

Витаминот Д и калциумот помагаат при развој на коските и нивната цврстина, овозможувајќи масивна апсорпција на калциум.

5. Губење на тежина

Тоа што е многу важно за луѓето кои сакаат да изгубат на тежина е што јајцата имаат малку калории и помагаат да имате заситен апетит во остатокот од денот. The Journal of the American College of Nutrition и International Journal of Obesity направиле студии чии резултати покажале дека јадењето јајца во текот на појадокот прави чувство на ситост и ја намалува количината на храна што ја внесувате во понатамошниот дел од денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top