| четврток, 6 декември 2018 |

Како е Верушевски на слобода ако судовите го саботираат СЈО?

krsto-mukoski

Пратеникот Крсто Мукоски реплицирајќи и на Катица Јанева ја праша како и на кој начин денес Зоран Верушевски е на слобода ако Јанева како што кажува била саботирана од судовите во Република Македонија.

-Зошто сте самите контрадикторни? Ако судовите ве саботирале, ве бојкотирале, не ви доделувале потребни информации врз основа на што баравте Верушевски да биде пуштен на слобода? Самите сте контрадикторни. Госпоѓо специјален јавен обвинител со сета почит, меѓутоа дали добро се слушате. Па вие сите ги навредувате во оваа држава, цел систем, за вас судовите не функционираат, за вас вчерашните и идни некогаш колеги не се во ред, за вас овој Парламент не е легитимен, овие што ве избрале па добро бе госпоѓо вие и вашата екипа од Марс да не дојдовте. Вие се дигнавте и над законот, над системот, над се се издигнавте, реплицираше Мукоски.

На овие прашања Катица Јанева како и на сите останати одговори дека СЈО побарало укинување на притворот за Верушевски и судот постапил по барањето што директно го руши тврдењето на Јанева дека се соочува со саботажа и бојкот од страна на судовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top