Во петок, (23 септември) со почеток во 20 часот во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“, Македонската опера и балет ќе приреди концерт во чест на Канонизацијата на Мајка Тереза.
На програмата се следните дела и изведувачи:
Џовани Батиста Перголези: SALVE REGINA за сопран и гудачки оркестар
Солист: Славица Галиќ-Петровска – сопран
Томазо Албинони: ADAGIO за сопран и гудачки оркестар
Солист: Ивана Здравкова – сопран
Антонио Вивалди: “GLORIA” солисти, хор и оркестар
Солисти: Наде Талевска – сопран I, Ана Ројдева – сопран II и Николина Јаневска-мецосопран
Диригент е Бисера Чадловска, режисер: Дејан Прошев, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, а корепетитор: Андреј Наунов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.