Во едни британски весници се појави можеби најдобрата реклама досега.
Имено норвешката авио компанија Норвегиан се огласи во весник и благодарение на оригиналната реклама стана хит.
Во случајов воопшто не станува збор за цената на картата која по промотивна цена чини 169 фунти од Лондон до Лос Анџелес, туку нивниот апел зошто треба да се патува во Америка.
-Бред е сингл- гласи рекламата под која ја пишува цената на картата до Лос Анџелес во која се вклучени и таксите.
Се чини дека во моментов не постои појака причина за да се патува во ЛА, а оваа компанија тоа на време го препознала и искористила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голем пресврт: Испливаа нови детали од разводот на Анџелина и Бред, актерката шокираше со одлуката
-
Се покаја-Анџелина го сака назад Бред, но неговата реакција е поразувачка!
-
Откриена е причината-еве зошто Анџелина и Бред го откажаа разводот!
-
Кире и Борко во најновата реклама на Барселона како најава за мечот со Кил (Видео)