Ни оние кои стојат зад Катица Јанева не веруваат во неа, изјави главниот уредник на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, во отвореното студио на ТВ „Нова“, на тема „Констроверзното интервју на Катица Јанева”.
-Во Македонија досега не сме виделе такво интервју, во смисла дека ни во Европа нема такви, своевремено имаше во Русија и Србија и еве сега видовме кај нас. Секој јавен функционер има обврска за своите јавни настапи. Особено кога се работи за носител на судска власт, кој излегол од правен факултет, каде дел од програмата е реториката, вели Латас.
Тој ја искритикува и уредувачката политика на јавниот сервис, сметајќи дека е страшен концептот да се повика гостин, кому ќе му бидат дадени прашања и одговори што не знае ни да ги прочита.
-Штом однапред ѝ ги дале прашањата и притоа и ги одговориле, тоа значи дека ни тие не веруваат во неа. И оние коишто стојат зад Катица не ѝ веруваат. Не ја оставија да го каже она што има таа да го каже, осмислувајќи и ги прашањата и одговорите. И оние што ја донеле на тоа интервју не ѝ веруваат. Не смее јавен функционер да зависи од партиски уредник. Да падне на ниво да си дозволи да биде играчка во рацете на една партија која си ја носи на телевизија. Ние за Јанева плаќаме повеќе од 50.000 годишно од нашите плати, истакна Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Латас: Очекувам брутално судење – барам тоа што му е дозволено на Заев да ми биде и мене
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)