Американската интернет компанија „Јаху“ потврди дека сметките на околу 500 милиони нејзини корисници биле нападнати минатиот месец од хакери.
Како што пренесува „Дојче веле“, засега непознати хакери ги украле приватните информации на речиси половина милијарда корисници на „Јаху“.
Податоците вклучуваат кориснички имиња, лозинки и лични информации, како што се датуми на раѓање и секундарни електронски пошти.
– „Јаху“ ги известува потенцијално загрозените корисници дека презема мерки за заштита на нивните налози. Тоа подразбира бришење на безбедносните прашања и одговори, со цел да не можат да се искористат за пристап до налозите и промена на лозинките – се наведува во соопштението.
„Јаху“, исто така, им порача на корисниците, кои не ги смениле лозинките од 2014 година, да го направат тоа.
Во компанијата веруваат дека украдените информации не вклучуваат податоци за кредитни картички или банкарски сметки.
Според медиумите, постои сомнеж дека податоците ги хакирал некој кој има државна поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.