| четврток, 6 декември 2018 |

Клинтон „не се сеќава“ на клучните детали при истрагата за користењето на приватниот и-меил

Кандидатката на демократите за Белата куќа, Хилари Клинтон изјави под заклетва дека не ги помни клучните детали, поврзани со употребата на нејзината приватна електронска пошта за службени цели како државен секретар и одби да одговори на прашањата поставени од правниците на конзервативната невладина организација „Џудикал Воч“.

Адвокатот на Клинтон, Дејвид Кендал ги достави одговорите на 25-те поставени прашања под заклетва, поставени во писмена форма од страна на организацијата. 

Одговорите на Клинтон не дадоа дополнителни информации, од она што таа го наведе пред агентите на ФБИ, при неодамнешната истрага, која беше спроведена поради сомневање дека таа и нејзините соработници неправилно користели доверливи информации. 

При одговорот на 21 прашање, Клинтон во неколку наврати одговори со „не се сеќавам“. 

На прашањето кога одлучила да ја користи приватната електронска пошта за службени цели и со кого се консултирала за оваа одлука, таа одговори дека решила на почетокот на 2009 година, но дека не помни дека со некого конкретно разговарала за тоа. 

На прашањето дали била предупредена дека користењето на приватна електронска пошта е спротивно на федералните правила, Клинтон одоговори дека не се сеќава оти била советувана или предупредена, ниту пак дека се сеќава оти такво нешто е споменато при некој разговор или средба. 

Клинтон беше воздржана на различен начин за формулациите на 18 од 25 прашања.

– Одбивањето на г-ѓа Клинтон да одговори на многу од прашањата поставени јасно и разбирливо, се одразува во уште поголема мера на занемарувањето на владеењето на правото, изјави Том Фитон, претседателот на „Џудикал Воч“.

Тој истакна дека адвокатите на организацијата темелно ќе ги проучат нејзините одговори. 

Од објавените мејлови станува јасно дека кампањата на Клинтон се обидела за подоцна да ги одложи првичните партиски избори за кандидат во сојузната држава Илиноис, бидејќи гласањето по првичните избори во т.н. супервторник може да ја прекина инерцијата, предизвикана од републиканскиот кандидат. Во мејловите се става акцент на тоа дека Клинтон и нејзиниот сопруг нема да ја заборават оваа политичка услуга

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top