Вчера околу 15.50 часот во Кичево на ул. „29 Ноември“, во делот на Китино кале, случаен минувач забележал женско тело како гори. Од страна на екипа од ТППЕ-Кичево било излезено на местото на настанот и изгаснато со апарат за гасење пожар. Лекар од Општата болница во Кичево констатирал дека телото било изгорено и дека не давало знаци на живот.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од НККР-Кичево. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Се утврдува идентитетот на лицето и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.